
Тригодишно дете во Штип се затруло со „бензодиезепами“. Задржано е на лекување во штипската болница.
- На 11.03.2026 во 18:18 часот во СВР Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла Н.С.(24) од Штип со нејзиното тригодишно дете, кое било затруено. По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација, информираа од полицијата,
Известен е Центарот за социјални работи Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.