Триесетина возила со часови седат заглавени кај Леуново, ЦУК праќа специјално возило да ги одглави

Триесетина возила со часови седат заглавени во очекување да се пробие патот од мавровсото село Леуново во правец накај регионалниот пат Дебар-Скопје, но заради обилните снежни врнежи, пробивањето им е безуспешно.

Според пишувањата на медиумите, тие побарале помош од Центарот за управување со кризи, бидејќи самостојно било невозможно е да се пробијат, односно, морале да ги туркаат возилата за да се движат.

Од ЦУК информираат дека добиле пријава и нагласија дека информирани се надлежните служби.

„Информирани се надлежните служби, веднаш испратиле возило за расчистување, и сега веќе возилото „Грејдер“ е кај нив. Инаку, сето ова е во надлежност на општинските власти и на ЈП за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта“, информираат од ЦУК.