Трибина за работата, можностите и капацитетите на меѓународната асоцијација за детски театри

Денеска во рамките на фестивалот „Игор Маџиров“, се одржува трибина посветена на работата, можностите и капацитетите на меѓународната асоцијација за детски театри АСИТЕЖ (АSSITEJ).

Трибината е спроведена од страна на организацијата на фестивалот „Игор Маџиров“, а надополнување на трибината е и претседателката на српскиот национален центар на АСИТЕЖ, Диана Кржаниќ Тепавац.

Таа ќе пренесе свои искуства, а ќе бидат отворени и теми за создавање Национален Центар и во земјава, информираа од Театарот за деца и младинци - Скопје.