Три знаци ќе имаат најубава недела во периодот 14-20 април.
Photo by Taryn Elliott
Овен
Оваа недела Овните конечно ќе почувствуваат како сè доаѓа на свое место – ментално, енергетски и емоционално. Со Меркур што влегува токму во вашиот знак на 16 април, повторно ја добивате острината на умот и способноста јасно да комуницирате што сакате и што не толерирате. Доколку последниве недели се чувствувавте заморно, изгубено или ментално расеано, ова е момент на пресврт. Вашиот глас ќе се слушне. Дополнително, со Марс што влегува во Лав, повторно се активира вашиот природен ентузијазам и храброст, добивате желба да го покажете вашиот автентичен порив без страв од осуда. Ќе се почувствувате како да сте се разбудиле од длабока внатрешна пауза. Ова е идеално време за љубовни чекори, креативни иницијативи и храбро прифаќање на лидерство, без да се извинувате што сакате повеќе од животот.
Бик
Биковите започнуваат нова соларна година и тоа со нежна, но стабилна сила. Сонцето влегува во вашиот знак на 19 април, носејќи чувство дека повторно стоите цврсто на земја. Ова е време кога ќе сакате да се вратите кон себе, кон своето тело, својот ритам, своите вистински потреби. Ако последниве недели се чувствувавте изгубено во туѓи очекувања, сега е момент да се преориентирате кон своите вредности. Венера, вашата владејачка планета, се поврзува со Северниот јазол – носејќи љубовни, креативни и финансиски одлуки што имаат длабоко значење. Ќе знаете интуитивно што има потенцијал за раст. Во љубовта, ќе чувствувате повеќе јасност, а во работата, желба за конкретни резултати, но без брзање. Оваа недела ве учи дека трајните нешта не се случуваат преку ноќ, но сè што започнете сега, ќе има стабилна основа.
Лав
Лавовите влегуваат во една недела каде сè што ги прави тие што се – самодовербата, храброста и автентичноста – повторно станува нивна најсилна алатка. Влегувањето на Марс во вашиот знак е момент што ќе го почувствувате веднаш – ќе ви се врати енергијата, желбата за движење, и чувството дека сте спремни да преземете акција. Ова не е време за срамежливост или самосомневање, токму ова е моментот кога треба да излезете на сцена, буквално или симболично. Покрај тоа, Марс прави тригон со Нептун, носејќи инспирирани потези и креативна магија во вашите акции. Без разлика дали станува збор за љубов, работа или личен проект – она што го правите оваа недела доаѓа директно од срцето. А кога Лав делува од срце, тогаш магија се случува. Дополнително, Сонцето во Бик ја активира вашата кариера, па можно е препознавање, понуда или заслужена пофалба што долго ја чекате.