Три знаци ќе бидат најпогодени од полната Месечина на 27 ноември

На 27 ноември, полната Месечина ќе го осветли небото во знакот Близнаци.

Photo by Pedro Lastra on Unsplash

Овој транзит ни носи одговор на многу прашања во нашиот живот, а ни носи и поттик за промени. Дали сме подготвени за ризиците кои треба да ги преземеме?

Три знаци ќе бидат најпогодени од оваа полна Месечина.

Близнаци

Со оглед на тоа што се случува во вашиот знак, оваа полна Месечина има големо влијание на родените во овој знак. Секогаш сте љубопитни и во потрага по нови информации, но под светлината на луната ќе бидете поттикнати да нурнете во своите интереси. Што ви е потребно за да бидете среќни? Каде се чувствувате најдобро? Ова е одличен момент да си дадете одговори на овие прашања.

Девица

На 27 ноември, оваа полна Месечина ви носи одговори на полето на кариерата и професионалниот живот. Ова е многу значајно за вас, бидејќи вам кариерата ви е важна. Можеби ќе се најдете во фаза да менувате работни места или да се потрудите да дојдете до нова, подобра позиција. Како и да е, ова  е убава фаза на ова поле за родените во овој знак.

Стрелец

Влегуваме во вашата сезона, што самото по себе ви носи среќа, но полната Месечина става акцент на вашите романтични односи и партнерства. Ако не сте сигурни каде се движи вашиот љубовен однос, овој транзит ќе ви ги донесе одговорите кои ги барате. Не се плашете да ги поставите и потешките прашања.