Три возила и фотокопирница гореле вчера во Куманово

Три возила и фотокопирница биле опожарени вчера во Куманово известуваат од Регионалниот центар за управување со кризи и од територијалната противпожарна единица Куманово.

Според информациите, пожарникарите интервенирале на две возила на улицата „Трст“ и на уште едно на улицата „Никола Вапцаров“, со по една екипа.

На пожарот на фотокопирницата, пожарникарите интервенрирале од 03:15 до 04 часот, на двата автомобили на улицата „Трст“ од 03:25 до 04:20 часот, последната интервенција е од 05:40 до 06:15 часот.

Во дневниот билтен на РЦУК Куманово се наведува дека пожарникарите синоќа има уште две интервенции на опожарена фотокопирница на улицата „11 Октомври“ и на опожарена фасада од куќа на улицата „Никола Вапцаров“.