Три скопски улици денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект на Бранко Заревски 14, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од следниве улици: Бранко Заревски, Славка Динкова и Румена Хаџипанзова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот.