Три природни масла кои се одлични за нашата кожа

На нашата кожа и годат природните состојки.

Тие делуваат лесно и смирувачки на нашата кожа и ја прават нежна и свиленкаста. 

Ова се три масла кои се одлични за нашата кожа

Бадемово масло

Најдобро е да се користи по капењето или пак после сончањето во текот на лесниот период, бидејќи ја смирува кожата. Текстурата на ова масло е лесна и брзо се впипа и не ја прави нашата кожа претерано масна, туку и дава убав сјај и еластичност. Содржи витамин Е, цинк, протеини и калиум. Сепак, треба да бидете внимателни ако имате чувствителна кожа бидејќи може да предизвика алергиски реакции. 

Сусамово масло

Ова масло е одлично за чистење на шминката, а одговара на сите типови кожа. Тоа ја смирува кожата и е одлична замена за скапите средства за чистење на лицето. Содржи витамин А кој го спречува и стареењето на кожата и помага таа да има младешки и еластичен изглед. 

Масло од јојоба

Ова масла потекнува од Мексико, а се користи често во козметиката поради својата структура и бенефити за нашата кожа. Тоа е добро бидејќи не предизвикува алергиски реакции, а е одлично и за зацелување на раните и борба против акните.