Три основни училишта и една градинка во Чаир ќе добијат фотоволтаици

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска ќе потпишат договор за кофинансирање на проект за целосна енергетска ефикасност со поставување на фотоволтаици на јавни објекти во три основни училишта и во една градинка.

Проектот CBCEko kid е со вкупна вредност од 423.038 евра и е финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, а кофинансиран од Министерството за локална самоуправа.