Три нешта не можат долго да останат скриени - сонцето, месечината и вистината

Овие реченици на Буда кои се инспирирани од неговите зборови и учења имаат моќ да ни го променат животот.

Гуатама  Буда бил влијателен учител, филозоф и духовен лидер кој го основал Будизмот меѓу 6 и 4 век п.н.е. Се смета дека тој успеал да постигне просветлување преку медитација и така да дојде до одговор за некои од најсложените животни прашања.

Ова се некои од неговите најмоќни мисли.

Ако нешто вреди да се направи, тогаш направете го со целото срце.

Три нешта не можат долго да останат скриени: сонцето, месечината и вистината.

Коренот на сето страдање е поврзаноста.

Не барајте спас никаде освен во себеси.

Ништо не може да ве повреди повеќе од вашите сопствени мисли.

Ако не можете да најдете никој да ве поддржи на вашиот духовен пат, пешачете сами.

Сè што сме е резултат на нашите мисли.

Тоа што сте зависи од тоа што сте биле. Тоа што ќе бидете зависи од тоа што сте денес.

Вистинската љубов се раѓа од разбирање.

Не жалете за минатото, не сонувајте за иднината, туку фокусирајте го умот на сегашниот момент.

Ако не се грижиме за другите кога им е потребна помош, кој ќе се грижи за нас?

Јазикот е како остар нож. Убива без крв.

Не постои пат до среќата. Среќата е пат. 

Ништо не е вечно, освен промените.