
Во СВР Скопје се евидентирани три одделни пријави за физички напади врз ученици во основни училишта на подрачјето на Ѓорче Петров и Чаир.
- На 2 март 2026 година во 15:00 часот, Б.Р. (51) од Скопје пријавил дека на 27 февруари околу 08:15 часот, во основно училиште во општина Ѓорче Петров, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг ученик, при што се здобил со тешки телесни повреди, информираа од МВР.
Втората пријава била поднесена на 3 март 2026 година во 03:30 часот од Ј.П. (43) од Скопје, која навела дека на 2 март околу 11:30 часот, во основно училиште во Чаир, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка.
Третиот случај бил пријавен на 2 март 2026 година во 12:10 часот од Д.Р. (47) од Скопје, кој изјавил дека истиот ден околу 09:30 часот, во дворот на основно училиште во Чаир, неговиот 15-годишен син бил нападнат од неколку малолетници од друго училиште.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на сите случаи.