Три најдобри летни зачини за намалување на килограмите

Летото е период на овошје и зеленчук, но и промена на начинот на исхрана.

Добро е да избегнуваме шеќери и брза храна, а да се храниме со поздрави состојки и да бидеме физички активни. Но, важни се и зачините.

Магдонос

Магдоносот е одличен избор за оние кои сакаат да ги намалат килограмите во текот на летото. Без оглед на тоа дали го додавате во салатите  и јадењата или пак ќе се решите да  пиете чај од магдонос, важно е да знаете дека тој помага во борбата против килограмите, на начин што го забрзува метаболизмот и исфрлањето на течностите од телото.

Оригано

Ориганото е една од најважните состојки во медитеранската кујна, а е богато со биоактивни состојки како полифеноли и флавоноид. Тоа помага во регулирање на инсулинот во телото, како и телесната тежина. Уште една предност е што го подобрува варењето и помага во регулирање на дигестивниот систем и проблемите со тврдата столица.

Рузмарин

Рузмаринот е богат со антиоксиданти кои помагаат во регенерација на клетките, го регулираат шеќерот во крвта, а ја поттикнуваат и работата на метаболизмот. Тој помага да се ослободиме од надуеноста и вишокот течности, а и долги години се користи во алтернативната медицина.