Три начини на кои се повредуваме себеси

Некогаш учиме дека другите луѓе не се единствените кои го кршат нашето срце.

Photo by Antoine Beauvillain on Unsplash

Некогаш, тоа го правиме самите. 

Знаците не се секогаш јасни, но со малку вежби, можеме да ги препознаеме. 

Постојано се објаснуваме пред некој кој сака погрешно да нè разбере

Ова е еден од најчестите ситуации во која се ставаме себеси. Кога другата страна не сака да нè слушне и разбере, можеме да се свртиме и на глава, но никогаш нема да дојде до разбирање. Ова е често со луѓе кои се манипулатори и кои лесно можат да нè убедат дека некаде сме згрешиле. Па така, ги избираме зборовите, се трудиме да се објасниме и се истоштуваме, но ништо не постигнуваме.

Треба да знаете дека за кавга речиси секогаш се потребни две личности. Сите ние грешиме, но ако некој сака да нè слушне и разбере, лесно можеме да го постигнеме тоа. 

Сакањето друга личност со надеж дека ќе нè засакаат НЕКОГАШ

Ова е една од најголемите грешки кои секој од нас ги има направено барем еднаш во животот. Правиме сè за да убедиме некого дека вредиме да бидеме сакани, но ништо не постигнуваме. Ако некој сака да нè сака, едноставно е. Ќе бидеме сакани. Нема да имаме потреба да се будиме секое утро со желбата дека ќе промениме ништо и на крајот на краиштата, нема да се прашуваме дали и кога ќе бидеме сакани, ќе го знаеме тоа. 

Невозвратената љубов е секогаш лоша, но колку брзо ја прифатиме вистината, толку побрзо можеме да продолжиме со својот живот.

Постојан страв од животот

Животот е краток и еден и единствен. Иако сите се надеваме дека ќе имаме долг и среќен живот, вистината е дека не знаеме колку ќе живееме. Но, голем дел од нас само планираат, одложуваат и си велат: утре, следниот месец, следната година. Некои пак се плашат од мислењето на другите и што тие би рекле кога би направиле нешто. Но, животот е наш и само наш. 

Постојат многу нешта кои можеме да ги научиме, луѓе кои треба да ги запознаеме, места кои треба да ги посетиме. Некогаш ќе се соочуваме со порази, но тоа значи вистински да се живее.