Три месеци нема обвинение за лицето кое прегази човек на мост „Гоце Делчев“

На 26-ти јануари во сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје животот го загуби 76-годишниот С.А.

Булеварот го преминувал на пешачки премин каде беше удрен од автомобил марка Бе-ем-ве со кумановска регистрација.

До ден денес, правдата во овој случај чека барем еден чекор до разврска. Но, случајот, од непознати причини тапка во место.

По трагедијата, телото беше предадено на обдукција, а обвинителот нареди да бидат обезбедени снимките од видео надзорот на околните објекти за да се утврдат причините за несреќата.

Цели три месеци истрагата е на исто ниво како и на денот на несреќата.

Нема обвинение за сторителот иако уште истиот ден во јавноста беше обелоденет нејзиниот идентитет, пишува Курир.