Три лица каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот напад се регистирани три напади од улични кучиња на различни локации низ Македонија.

Најпрво во 11.20 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано ,,Средни рид“, атар на с.Истибања, виничко, В.В.(54) од с.Истибања бил каснат од куче домашен миленик.

Потоа во 12.20 часот во СВР Куманово, Н.Р.(20) пријавил дека на улица „11 Октомври“ бил каснат од куче скитник.

На крајот во 14.20 часот во СВР Тетово, Б.С.(40) од Тетово пријавил дека на улица „Браќа Симовски“ во Тетово неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.