Вчера полицискиот билтен регистирал три каснувања од куче во Скопје
Првиот настан се случил во 13 часот каде 50-годишниот Д.С. во полициската станица во Кисела Вода пријавил дека во дека во с.Усје, скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Втората пријава е исто така во Кисела Вода каде во 16:30 часот 36-годишниот Д.И пријавил дека на ул.„Народни херои“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
И во 19:20 часот на другиот крај на Скопје во полициска станица Ѓорче Петров, Б.П.(71) од Скопје пријавил дека во близина на реката Лепенец во Скопје, бил каснат од куче.