Три години штипскиот педофил допирал малолетнички додека биле на дополнителна настава

Се огласија од Јавното обвинителство за случајот со 65-годишниот раководител на образовен центар во Штип, против кого полицијата вчера поднесе кривична пријава. Тој е осомничен дека подолг период недолично допирал малолетни ученички за време на одржување дополнителна настава. 

- Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик, наведуваат од Обвинителството. 

- Последователно, од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото, информираа од Јавното обвинителство. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.