
Во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје биле пријавени три одделни случаи на физички напади на подрачјето на Шуто Оризари.
С.М. (48) од Скопје пријавил дека на 4 април кај спортско игралиште неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.
Истиот ден, околу 14:00 часот, Р.С. (45) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од едно лице на истото подрачје.
Подоцна, во 23:00 часот, С.И. (45) од Скопје пријавил дека околу 19:00 часот кај спортско игралиште бил физички нападнат од неколку лица.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи.