Три авиони го гаснат пожарот кај селото Моране, поради непристапниот терен

Во близина на селото Моране во Општина Студеничани во тек е интензивна акција за гаснење на шумскиот пожар, информира Центарот за управување со кризи.

Во интервенцијата се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од воздух дејствуваат на деловите каде што поради непристапниот терен гаснењето од земја е отежнато или претставува ризик за екипите.

Теренските екипи работат во координација со сите надлежни и вклучени служби, со цел огнот да биде ставен под контрола и целосно изгаснат.

Во рамки на интервенцијата приоритет е и заштитата на жителите од околните населени места, како и на нивните домови и имот.