Tрето издание на меѓународниот театарскиот фестивал „Рута“ во Драмски театар од 15 до 20 октомври

Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на третото издание на меѓународниот театарскиот фестивал „Рута“. Во текот на фестивалската недела на сцената „Ристо Стефановски“  публиката ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот.

Како што информираат од Драмски театар, во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од сите членки на Регионалната унија на театри. Београдско драмско позориште од Србија, Камерни театар 55 од Сараево, Босна и Херцеговина. Од Хрватска гостуваат, Казалиште Улисис во копродукција со театарот Гавела од Загреб. Местно гледалишче Љубљана од Словенија настапува со претстава работена во копродукција со Београдско драмско позориште. Со свои претстави од годинешнава продукција настапуваат и Градско позориште Подгорица и Драмски театар Скопје, стои во соопштението.