Трет ден „Сејф сити“: Вкупно 650 прекршоци - изречени 61 забрана за управување на возило

Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци.

Како што информира МВР, од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци.

При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило.

Од МВР апелираа до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава.