Тренчевска ја врати разрешената директорка на „Детска радост“, се пожали Стефковски

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше за тоа дека Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска ја вратила разрешената директорка на ЈУДГ „Детска радост“ на чело на градинката.

-Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна Одлуката со која Министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда.

Но она што загрижува е Одлуката на Министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај.

Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба, напиша Стефковски.