
Инфлуенсерите, јутуберите, влогерите... во поголем дел се спротивставуваат на законските измени со кои се предвидува да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а тоа би значело дека ќе имаат одредени обврски.
Уште поодамна се зборува дека се влијателни и затоа мора да бидат регулирани.
- Денес младиве повеќе учат и запамтуваат од нивните омилени инфлуенсери, влогери, јутубери... отколку во училиште. Тие им се идоли. Е сеа што треба некој да се позанимава што содржина споделуваат на огромниот им нивни број следачи валда треба некој да се позанимава со нив, вели еден твитерџија.
Под поимот даватели на АВМУ услуги по барање спаѓаат инфлуенсерите, влогерите и креаторите на содржини кои остваруваат економска корист од своите објави. За да се олесни процесот и да се појаснат обврските, Агенцијата веќе има изготвено и „Нацрт-Водич за инфлуенсер(к)и и влогер(к)и“, но се чини дека тоа не било доволно за да се мотивира оваа растечка заедница да влезе во легалните текови на медиумската евиденција.
Ксенија Николовска засега е единствената инфлуенсерка која се пријавила во регистарот кој го води АВМУ.
Една од македонските најпопуларни инфлуенсерки Миа Косова беше меѓу првите кои изреагираа за новите законски измени.
- Она што сакаат да го спроведат е да бидеме на ниво на медиуми односно за секое едно постирање да потенцираме или да пишуваме дали е реклама или не е (божем тоа не е очигледно). Мислам дека треба да подразмислат надлежните затоа што се работи за над 100 луѓе кои од приложеното може да заклучиме дека не се сложуваат со небулозава која не постои нигде во свет. Точно е дека по ЕУ има слични закони за видеа кои остануваат во интернет простор но, не и за секое стори кое комплетно ја руши слободата и креативноста на инфлуенсерот кој се претставува лично на сопствен профил без уредувачка политика и програма како на тв и радио.
На твитер поделени мислења. Едни велат ако не им се допаѓа на инфлуенсерите да бидат регулирани, да одат да се вработат во технолошките зони, додека други сметаат дека Интернетот е простор за слободно изразување.
- Шо дава државата за возврат на тие инфлуенсери?
само мене ли ми е смешно ова, правилник за инфлуенсери/влогери/креатори направиле лузерите
Какво време дојде, никој не сака да биде научник, а сите сакаат да бидат инфлуенсери, блогери и влогери/јутјубери.
— НатаЛија (@hulahopka) April 4, 2019
— Flying Fahman (@FlyingFah) January 17, 2026
исто ќе кажев, даноци на инфлуенсери човече да не ги пожаливте случајно
— Јупитер (@_Jupiterrr_) January 21, 2026
Не поштуем мкд инфлуенсери што и се лижат на Миа и слични
Предлогот е недоречен-да-имаш влијание врз широка маса на народ и не можеш баш да продаваш магла како ќе ти текне.Сегде има регулација во сите сектори зашто не би имало и кај вас!
Најтазе пример ви е Кјара Ферањи.— ЛаБуБу (@K0l0voz) January 20, 2026
Пријавени на минималец во фризерници, а пари и ствари трупање од спонзори и глумење инфлуенсери.
Епа влијаееш за те гонат органите и сега ред солзи, ред мрсули.— Кирјана (@svoja_na_svoeto) January 19, 2026
Инфлуенсери на апарати
Како тоа ќе им наплаќале 0.5% плус од персоналниот данок. Фино лепо, ако сте праеле свадба и сте платиле процент за музиката што ви свирела, е така на ист начин— ЛаБуБу (@K0l0voz) January 19, 2026