Траорна слика: Уништена спортската сала „Партизан“ во Карпош 3 (ГАЛЕРИЈА)

За неполни 10 месеци во целост е уништена спортската сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3.

Сликата на терен е траорна – вратите се обиени, прозорците се искршени, дел од ѕидовите се срушени и голем дел од спортската опрема е откорната или украдена.

За многу кратко време целокупниот објект е претворен во депонија, отворајќи со тоа директен сомнеж дека некој намерно и на сила го уништува ова спортско здание.

Планира ли некој да гради висококатница на местото на салата „Наум Наумовски – Борче“? Ова прашање се почесто си го поставуваат жителите од околните станбени згради, коишто пред една година се самоорганизираа во иницијативата „Да го вратиме Партизан на граѓаните“.

И покрај тоа што новото општинско раководство од Карпош во предизборната програма вети дека годинава ќе почне реконструкцијата на оваа спортска сала, на терен никој не се грижи за донираниот објект од Франција по скопскиот земјотрес.

Во соработка со build.mk.

cheap nike free run 5.0