Транс-жената Лила Милиќ е добитничка на државната награда „Мето Јовановски“

Лила Милиќ ко-основачката на иницијативата „Трансформа“ заедно „Центарот за граѓански комуникации“ (ЦГК) од Скопје е годинашната добитничка на државната награда „Мето Јовановски“.  

Станува збор за највисоко признание за долгогодишни остварувања во промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, по повод денешниот Меѓународен ден на човековите права. 

Милиќ е позната и како активистка за правата на сексуалните работници/чки, а била дел и од транс-активизмот во 2017 година.

- Со својот активизам, како и со личниот пример како транс-жена која живее отворено во нашето конзервативно општество, Лила инспирира со својата непоколеблива волја, упорност и храброст. Таа е пример за сите нас, трасирајќи го патот кон прифаќање, еднаквост и достоинствен живот за сите, велат од органзиацијата „Трансформа“. 

Наградата се доделува секоја година на 10 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права, а го носи името „Мето Јовановски“ во чест на првиот претседател на Хелсиншкиот комитет Мето Јовановски.