Трамвај во Скопје: Трифун и Коце го најавија - ќе го реализира ли Шилегов?

Со години наназад транвајот се најавува како алтернативен јавен превоз низ градот.За време на мандатот на скопскиот градоначалник Трифун Костовски изградбата на трамвајска линија беше веќе готова работа.

Тогаш беше најавено дека првиот промотивен трамвај од Аеродром до Центар ќе тргне во мај 2009 година.Исто така трамвајска линија беше ветена и од градоначалникот Коце Трајановски , чија идеја беше на трасата на која ќе се движи трамвајот, да не соообраќаат автобуси. Според студијата требаше да има  22 транвајски композиции. Во првиот период требаше да има една линија од населбите Ново Лисиче до Ѓорче Петров.

Пред неколку  месец  градоначалник Петре Шилегов ги слушна предлозите на граѓаните како да се намали загадувањето во главниот град.Поранешни функционери, инженери, засегнати граѓани ги образложија студиозно своите идеи и предлози како да се намали загадувањето во главниот град.

Дел од препораките на 40 тината граѓани кои се одзваа на повикот од градоначалникот беа во Скопје конечно да се направи трамвај, да се обезбеди гас но и да запрат градежните активности. 

Шилегов пред два месец имаше работна средба со загрепскиот градоначалник Бандиќ, на која било договорено во март делегација на Град Загреб да дојде во Скопје каде што би размениле искуства и би дале стручна помош во насока на развој на нови сообраќајни решенија во Скопје.

„Договоривме во март висока делегација на Град Загреб на чело со мене како градоначалник, претставници од Секторот за сообраќај и Загрепски електричен трамвај (ЗЕТ) да дојдеме во Скопје и да понудиме рамноправно да конкурираме за изградба патна инфрастурктура, трамвај и траса за трамвај за Скопје“, рече Бандиќ.

Градоначалникот Шилегов рече дека во наредниот период Загреб ќе му понуди на Скопје некои од своите решенија за изградба на инфраструктура.

Воедно, пред три дена властите на Париз понудија помош во изработка на идните планови и стратегии за можноста за воведување на трамвајски превоз во Скопје, за разрешување на проблемот со паркирањето, како и за системи за споделување велосипед и возила (bike-share и car-share).