Трајковски: Профитите на трговците не се намалуваат и покрај мерките на Владата

Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека и покрај мерките од Владата за намалување на маржите и на цените на производите, рече дека и во тек на голема криза профитите на трговците не биле ништо помали од предвиденото.

„Секогаш ќе ги поддржувам мерките на Владата, затоа што се во корист на граѓаните. Можеме да ги видите профитите на маркетите, и да не заборавиме во голема светска економска, енергетска криза имаше исто владини мерки каде се намалуваа цените , и пак профитите биле онака како што беа замислени или поголеми од претходните години. ДПИ постапува по одлуките на Владата, овие одлуки се предлог на Министерство за економија. Не може да влијае на формирање на цената, туку ние постапуваме само“, рече Трајковски.