Трајковски: Добив закани од овие психопативе од „Десна“

На денешното судење за убиствата на Вања и Панче сведочеше Гоце Трајковски кој му е кум на Александар, таткото на Вања. Тој извесно време не беше достапен бидејќи беше во бегство поради сторено друго кривично дело.

Пред да почне со сведочење, Трајковски, порача дека пред рочиштето добил закани да внимава што зборува.

„Добив закани од овие психопатите од партијата, да внимавам што зборувам, за да не сум пропаднел во дупка. Само да знаат дека не им се плашам, јас не сум мало девојче или старец“, истакна Трајковски.

Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци за убиствата на Вања и Панче, кој водел паралелна истрага со полицијата за девојчето, донесен е од затворот во Шутка каде што заврши како обвинет за палење на кафуле во Кисела Вода.