
Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, каде при градежни работи се затрупани најмалку двајца работници.
Несреќата се случила при ископ и подготовка на терен за изградба на нова зграда, зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“.
Според неофицијални информации објавени од Нетпрес, еден од работниците е извлечен, додека други се длабоко затрупани под градежен материјал, поради што спасувачката акција сè уште е во тек.

На местото на настанот се присутни екипи на Итна медицинска помош, полиција и противпожарни служби, кои работат на расчистување на теренот и извлекување на затрупаните лица.
Засега нема официјални информации за состојбата на повредените, додека надлежните институции работат на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.