Трагедија: Шестмесечно бебе донесено починато во скопска поликлиника

Синоќа околу 21:15 часот во СВР Скопје од Поликлиника Драчево било пријавено дека кај нив е донесено починато шестмесечно бебе од скопско.

Како што се наведува во полицискиот билтен, лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. 

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.