Попладнево во Охрид, за време на Форумот за културна дипломатија 2024 починал Салмонд Андерс, поранешен премиер на Шкотска, дознава Скопје Инфо.
Денеска, околу 15:30 часот, во Полициската станица Охрид било пријавено дека Салмонд Андерс, поранешен премиер на Шкотска, за време на Форумот за културна дипломатија 2024, кој се одржувал во хотел Инекс, ја загубил свеста.
Според информации на Скопје Инфо, медицинскиот тим од Итната медицинска помош веднаш излегол на терен, но за жал констатирал смрт.
Случајот веднаш бил пријавен на надлежните органи, а за истрагата е известено и Јавното обвинителство.
Алекс Салмонд беше прв министер на Шкотска од 2007 до 2014 година. По големата победа на изборите во 2011 година, тој го иницираше првиот референдум за независност на Шкотска во 2014 година, што остави значаен печат во политичката историја на земјата.