Трагедија кај Катланово: Возач прегази 54-годишен маж и избега

Синоќа загинал 54-годишен жител на с. Катланово, скопско, откако во него удрил автомобил.

- На 02.01.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото. А.А. починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош., информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.