Трагедија: 70-годишна жена и дете паднале од тераса во Кисела Вода, жената починала на самото место, детето пренесено во Ургентен

Трагедија ја потресе скопската населба Кисела Вода откако синоќа 70-годишна жена и малолетник паднале од тераса.

Жената починала на лице место, а детето било пренесено во Ургентниот центар за укажување на помош. Голем број на екипи интервенирале на лице место.

Причините за ваквиот трагичен настан не се познати и се очекува МВР уште денес да излезе со повеќе информации во врска со оваа трагична случка.