„Тошо Малерот“: Политичарите ни ја земаа работата, тешко е да се направи пародија на она што ни се случува

Тошо Малерот од пополарната, веќе ретро, хумористична емисија К-15, во гостувањето во Утринската емисија на ТВ Телма зборуваше за култното шоу кое своевремено ги смееше македонците, а репликите се користат до ден денес. 

Васко Тодоров вели дека денеска е потешко да се направи шоуто К-15 затоа што конкуренцијата е тешка. 

Водителот го потести на една негова поодамнешна изјава, дека шоуто е вишок затоа што политичарите им ја земале работата со што Тошо Малерот се согласи. 

-Тешко е да се направи пародија на она што ни се случува во јавноста. Пародија да направиш треба поглупо од оригиналот да изгледа. Сме имале проблем, поглупо да го направиме не можеме!, рече во свој стил Тодоров. 

Тој рече дека пишуваат скечеви, а кога ќе се се создадат услови, како што рече, зошто и да не ги снимаат.