Тошковски со градоначалниците на Центар и Кисела Вода во ноќна патрола - Има ли млади вандали во доцните часови?

Вчеравечер, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Центар и Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Горан Герасимовски, спроведоа патрола низ општина Центар со цел да се види каква е состојбата со присуство на малолетници во доцните часови.

- Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа. Со овој проблем се соочуваат сите општини во државата, но ние доставивме иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно прифатена, а позитивно одекна и во јавноста, време е да воведеме ред. Младите вандали кои ја уништуваат урбаната опрема ќе фарбаат клупи, ќе менуваат лулашки, но и ќе ја купуваат опремата којашто ја имаат оштетено, порача Гераисмовски. 

Тој рече дека очекува во најкус можен рок иницијативата да се преточи во закон за да ги намалиме ваквите девијантни појави во општините.

Во многу европски земји како Велика Британија и Луксембург, мерката за општокорисна работа на малолетници кои вандализираат се покажала ефикасна. 

Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот „Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите.