
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е во тек финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци, како дел од проектот „Безбеден град“. Станува збор за последна фаза пред целосно ставање на системот во функција, со цел зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајните незгоди.
Тошковски посочи дека тестирањата покажуваат минимални отстапувања во мерењето на брзината, значително под законски дозволената толеранција, што ја гарантира доверливоста на системот. Во првата фаза камерите ќе бидат активни на ризични локации, а подоцна системот ќе се прошири низ целата држава, заедно со мобилни камери во полициски возила, особено на „црните точки“.
„Системот не познава имиња, функции или позиции – тој евидентира само прекршок. Законот важи еднакво за сите“, порача Тошковски.