
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека станал татко по трет пат.
„Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав татко по трет пат. После две прекрасни ќерки, нашето семејство го збогативме и со син. Голема радост и благодарност за овој благослов“, напиша тој на „Фејсбук“.
Ова е прво машко дете за министерот, кој веќе е горд татко на две ќерки.