Тортиља за вечера

Можеби што ќе јадеме за вечера е најтешко да се смисли, зашто сакаме нешто што се приготвува ектремно брзо, без да настане неред во кујната и да не треба да го чекаме со часови да се приготви, а сепак посакуваме вкусот да биде незаборавен.

Доколку и вие сте од овој тип на луѓе, тогаш овој рецепт ќе стане ваш спасител од двоумење што да се јаде на вечер. Птребни ви се само 5 минути за да го приготвите, а вкусот е како од рајот!

Потребни состојки за да се приготви тортиљата за вечера се следниве:

  • Тортиљи
  • 1 чаша ориз
  • Оригано
  • 1 лимон
  • 1 конзерва пченка
  • по желба може да додадете и други состојки или зеленчук

Најпрво сварете го оризот во тенџере, и оставете го да се излади. Потоа на една тортиља со лажица нанесете, количински по желба, од изладениот ориз и додадете пченка. На крај исцедете малку од сокот на лимонот и тоа е тоа.

Брза, вкусна и здрава вечера. Наздравје уживање и релаксација!