Несекојдневен пијалок, за студените есенски денови.
Може да го користите и како замена за кафето, за да ја смените рутината и да пробате нов вкус.
Потребни состојки:
-1/3 чаша какао во прав
-1 литар млеко
-1/2 чаша чоколадни трошки
-7 бонбони од пеперминт (нане), издробени
-Прстофат сол
Подготовка:
Чекор 1
Во средно тенџере ставете го какаото. Постепено изматете го млекото додека не се раствори какаото. Додадете ги чоколадните трошки и нането, па варете на средна топлина, повремено мешајќи додека не се стопат чоколадото и нането, отприлика 8 до 10 минути.
Чекор 2
Оставете да зоврие и веднаш тргнете го од оган. Додадете го солот. Ставете во чаши и послужете со лист свежо нане, или пак слатко стапче од нане.