Топли дневни тепмератури и сончево со мала облачност

Времето во Македонија денека ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 8 до 13 степени Целзиусови.

Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко.

Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а преку денот претежно сончево и дневни температури од 8 до 14 степени. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.