Топчиња со вкус на чизкејк

Зошто да не го претворите прекрасното уживање во вкусот на чизкејк во големина на еден залак?

Состојки:

200 гр крем-сирење лајт
100 гр мелени бисквити
25 гр шеќер во прав
Бело чоколадо

Подготовка:

Изматете ги крем-сирењето и шеќерот, па додајте ги бисквитите. Оставете во фрижидер да се стегне смесата. Направете топчиња, ставете ги половина час во замрзнувач, па прелијте со бело чоколадо. 

Кога ќе добиете чувство за тоа како се работи со оваа смеса, можете да додавате најразлични додатоци, на пример кокос, сушено овошје, па дури и да ја мешате смесата со сос од шумско овошје.