Тлото на Балканот не се смирува: Нова серија на земјотреси во Албанија и Босна

Во Албанија по синоќешниот земјотрес кога во 22:36 минути ги потресе со јачина од 4.4 степени според Рихтер, следуваа серија малку послаби кои наликуваа на смирување на тлото.

Албанците ја минаа ноќта на нозе, но земјата не ги остави на мира, па утрово беа потресени од уште еден земјотрес од 4.2 според Рихтер.

Паралелно на ова Босна и Херцеговина ја стресе земјотрес од 4.1 степени според Рихтер. Земјотресите на плочата на која се наоѓаме и ние, се уште не престануваат.