Типови на мажи со кои жените доживуваат најсилен оргазам

Кои се најдобри љубовници?

Женскиот оргазам секогаш бил сложена тема и многу мажи сѐ уште го доживуваат како мистерија, па затоа често пати се прашуваат дали жените навистина доживеале оргазам или повторно одглумиле. Меѓутоа, се чини дека најмалку треба да се грижат мажите кои секогаш имаат насмевка на лицето.

Едно истражување спроведено на 103 жени на возраст меѓу 20 и 69 години, покажало дека мажите со весел, разигран карактер и мажите кои заработуваат подобро се подобри љубовници од останатите. Истото тоа истражување не ги опфатило жените кои биле во верни, долги врски затоа што истражувачите сметале дека луѓето во врска може да чувствуваат обврска да го одценат својот сегашен партнер подобро отколку што тој навистина е.

Мажи со весел разигран карактер

Според ова истражување, мажите кои поголемиот дел од луѓето ги сметаат за духовити - склони кон шеги и забавни разговори, излегле најдобри љубовници. Забавните, креативните и емоционално топлите мажи почесто им пружале оргазми на жените, а припадниците на поубавиот пол оргазмите со нив ги одценуваат како најдобри.

Целта на истражувањето била да открие кои карактерни особини на мажите се поврзани со пружање најдобар оргазам. Според истражувањата, весел и разигран карактер кој се доживува и како добро расположение кај мажите, е фактор за постигнување најголеми сексуални задоволства кои се паметат. Тоа покажува дека хуморот води до блискост која им овозможува на жените да ја искусат интимноста на многу повисоко ниво.

Мажи полни со самодоверба кои добро заработуваат

Во претходното истражување, од психолошки карактеристики на добриот љубовник, жените најчесто истакнувале два фактори – самодоверба и висината на приходот на мажот.

Се верува дека мажите кои добро заработуваат имаат висока самодоверба, во кревет покажуваат поголема иницијатива, помалку се склони кон самокритика и подраго им е да експериментираат.

Што се однесува до посакуваните физички карактеристики и леснотијата за постигнување оргазам, претходните истражувања откриле дека силниот оргазам е во тесна врска со тоа колку самиот маж и е привлечен на својата партнерка, а на големо изненадување оргазмот е тесно поврзан и со еден физички атрибут – ширината на неговите раменици. Имено, ширината на рамениците се поврзува со високото ниво на тестостерон.