18-годишниот Б.О. од с.Никиштани, скопско на 13.11.2024 во 22:00 часот во полициска станица пријавил дека неколку часови претходно во 18:20 часот во автобус на ЈСП на територија на општина Карпош бил физички нападнат од неколку малолетници при што едниот од нив со нож му нанел повреди.
Од МВР во врска со овој настан велат се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.