Тимови од „Лајка“ почнаа со заловување на кучиња скитници од скопските улици

По пауза од година и половина, повторно започна заловување на кучиња скитници од скопските улици. Заловените кучиња се носат во ЈП „Лајка“, каде добиваат соодветен третман и услови за живот. 

Сите кучиња кои ќе бидат заловени, ќе бидат вакцинирани и кастрирани и ќе чекаат можност за вдомување. Доколку не бидат вдомени ќе се вратат на локацијата од која биле заловени.

Во моментов во ЈП „Лајка“ има околу 23 кучиња заловени од скопските улици, а според информации на претпријатието во Скопје има уште околу 2.000 бездомни кучиња, скитници.