„Ти си катастрофа од епски размери“ ѝ порачаа скопјани на Арсовска

Над 800-тини граѓани ѝ коментираа на објавата на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Откако таа вчера на својот официјален фејсбук профил се обиде „да ја смири топката“ околу хаосот во Скопје, се јавија револтираните граѓани.

Мал е делот на коментари со поддршка за Арсовска, додека повеќето ја нападнаа директно или сеирџиски, за нејзината, како што велат, неспособност.

Еве што ѝ порачаа скопјани:

-Данела е убедливо најлошиот и најнеспособен градоначалник, без конкуренција. Ако Скопје се спореди со канализација не би погрешил зашто градов никогаш не бил погнасен, неорганизиран, хаотичен, раскопан, загаден и без душа. Универзална сала ја укака, Момин поток клучката временски ќе се гради како Кичево-Охрид, а еден проект позитивен нема. Не е само превозот далеку од тоа, проблемот е многу поголем само од еден проблем, ти си катастрофа од епски размери.

-Браво! Конечно скопјани добија вистински БЕСПЛАТЕН превоз - пошто не можат да се движат ниту со автобуси, ниту пак со приватни возила низ главните улици, па поради тоа месецов немаат дадено ни денар за превоз! Продолжете со одличната работа.

-Доделено Ви е работно место од народот. Имате обврска да работите одговорно и совесно. Наместо да читаме препукувања/обвинувања кој, што, како и зошто не направил/сработил почнете конечно со работа.Додека сите ние Ве читаме со вашите небулози, се прават трошоци на сметка на граѓаните. Тоа се туѓи пари , понесете одговорност.

-На таа позиција си затоа што скопјани очекуваа ефективност, ефикасност и способности за менаџирање со предизвиците кои не засегаат сите нас. Треба да менаџираш и да наоѓаш решенија и проблемите ефикасно да ги надминуваш, а не префрлање вина и амнестирање од одговорност. Избрана си за прогрес, не за создавање гнев, бес и парализа на Скопје.

-Почитувана Данела во моментов попаметно би било да се позанимавате со општиов сообраќаен хаос низ Скопје наместо со Мицковски. Возиме по саат време до работа и назад, а врв на се е во овие околности да се асфалтира дел од бул.Србија во 15:30 часот. Олабави малку, сите гледаме во каква конфузна состојба е градов, а си превземала НУЛА активности да го средиш. Оди гушкај се со Ленин.

-Госпоѓо Арсовска, поставените прашања се за друго место, не за на фејсбук. Што ако знам дека тајно се сретнале, поради тоа нема да стигнам дома побрзо... Ако сте решиле да ја истерате вистината и правдата мора тоа да го правите на повисоко ниво и со поголема култура.

-Дајте малку сериозност, доста ни е од циркузијадава. Зарем мислите дека сите сме малоумни па ќе се препукување како на пазар да сте и мислите дека сте си го решиле проблемот. Градов па и државава стана бетер од Мозамбик. Под итно средете си ги улиците, гајле ни е за прашањата што вие ги имате и до Петко и до Станко. Цел град е раскопан.