Ти можеш да ги промениш своите мисли

Можеш.
Ти можеш да ги промениш своите мисли.
Не дозволувај да бидеш нивен роб.
Кога ќе помислиш на нешто лошо, обиди се да се ослободиш од тоа и одбери да мислиш поинаку.
Отфрли го негативното и замени го со позитивното.
Мисли на убави работи, на она што те усреќува и офрли го негативното.

Диши длабоко и полека. Обрни внимание на своето дишење и обиди се да забележиш дека само ти си господар на својата глава.
Ти управуваш со неа, а не обратно.
Не е секогаш лесно, но на тебе останува да го отфрлиш облакот на страв.

Наместо тоа, мисли на работите кои ти се драги, на работите што ти го греат срцето и го прават поголемо. 

Само потруди се малку и вежбај.

Полека и без брзање. 

Јас верувам во тебе и знам дека ќе успееш. 

Ќе дојде еден ден кога ќе одиш сосема слободно низ светов и нема да бидеш роб на сопствените мисли.