Тевдовски: Целосно сум посветен на реформите, ќе ги почитувам решенијата на премиерот

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека е целосно посветен на промените и реформите што се прават во Министерството за финансии и верува во политиките на премиерот Зоран Заев.

-Целосно сум посветен на промените и реформите што се прават во Министерството за финансии и целосно верувам во политиките што ги води премиерот. Досега се направени огромни чекори напред, земјата се движи во правилна насока и целосно ќе ги почитувам сите негови решенија, изјави министерот за финансии одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавената реконструкција на Владата.