Тетовец пријавил семејно насилство, сопругата го нападнала со нож, кршела по дома и била агресивна кон децата

Вчера во 17.15 часот, 31-годишен жител на Тетово пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 26-годишна сопруга.

Во пријавата навел дека таа го нападнала со нож, го кршела мебелот и агресивно се однесувала кон нивните три малолетни деца.

Од СВР Тетово велат дека преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.