
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.И.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство’’ и „лажно пријавување на кривично дело’’.
Како што се наведува во полицискиот билтен, на 09.01.2026, пријавениот лажно пријавил дека на паркинг простор пред зграда во Тетово бил физички нападнат од едно машко лице, а од женско лице бил удрен со тврд предмет.
По прeземени мерки било утврдено дека пријавениот започнал расправија со друго лице и физички го нападнал.